На денешната прес-конференција тој рече дека денеска сме во далеку поповолна позиција и предлогот ги вклучува нашите забелешки и јасно изразени ставови.
„Предлогот е солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја“ рече Ковачевски.
Тој најави широк консултативен процес со претседателот на државата, со Парламентот, со опозицијата, граѓанскиот сектор и медиумите.
Според Ковачевски, сите лажни тврдења потонаа.
Прес-конференцијата се одржа по средбата на коалициските партнери во власта.