Прес-конференција на премиерот

Ковачевски: Владата донесе одлука за одобрување на предлогот на Француското претседателство

„Владата денеска ги разгледа заклучоците усвоени во Собранието и донесе одлука да го одобри предлогот на Француското претседателство од 30 јуни. Со одлуката го отпочнуваме процесот на пристапни преговори со ЕУ и заокружуваме уште еден историски чекор за земјата“, изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес - конференција придружуван од министрите од неговиот кабинет. Тој рече дека се отвора процес за остварување на втората стратегиска цел по онаа со зачленувањето во НАТО, а тоа е членство во ЕУ. „На 19 јули во Брисел отворачката изјава ќе ја читам на македонски јазик“, рече премиерот.

.„Денеска имаме преговарачка рамка во која македонскиот јазик и идентитет се заштитени, историските прашања се надвор од истата, а ние сме на чекор од првата меѓувладина конференција која ќе го означи почетокот на преговори на Северна Македонија со ЕУ. Денес отвораме нова можност за државата и за просперитет на граѓаните. Многу скоро во ЕУ официјално ќе се слушне нашиот македонски јазик", рече Ковачевски.

Toj нагласи дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи на 19 јули во Брисел.

Премиерот oстро ја нападна македонската опозиција која „урлаше", зборуваше за црни сценарија, рече дека палеше, кинеше, навредуваше држави пријатели на земјава и која рече, покажа дека не се грижи за државните интереси, туку за „бели дворци, автомобили и пари":

Во врска со нотарските изјави што ги потпишале пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со која се обврзани да не гласаат за влез на Бугарите во Уставот, премиерот рече дека измени се предвидени и за Хрвати, Црногорци и Еѓипкани, но и додаде дека пратениците се избрани од народот и дека можат да одлучуваат независно од партискит став. Зошто, рече, би имале против во преамбулата да влезат делови од израелскиот народ, односно Евреите од Македонија, на пример?

Ние велиме да за граѓанска мултиентичка држава интегрирана во ЕУ, со цврст идентитет, а луѓе со цврст идентитет можат да градат држава и економски да ја закрепнат, додаде Ковачевски.

„Никој не смее и нема да преговара за македонските идентитетски прашања, имаме таква света обврска и ќе покажеме дека во тоа сме успеале. Продолжуваме поцврсто во развојот на државата", рече премиерот.

Прашан дали доколку во текот на преговорите, некоја држава ни го оспори јазикот и идентитетот, Владата ќе се повлече од преговорите, Ковачевски одговори дека таква ситуација нема да има „бидејќи во преговарачката рамка јасно е наведено дека државата ги отпочнува преговорите на македонски јазик“.

Во однос на Протоколот, Ковачевски соопшти дека е задолжен министерот за надворешни работи да ја информира Бугарија за заклучоците што денеска ги изгласа Собранието и најави дека медиумите во текот на денот детално ќе бидат информирани за целиот процес.

„Во текот на денот, министерот за надворешни работи директно и подетално ќе ве информира во однос на целиот тој процес и граѓаните преку медиумите ќе бидат инфрмирани и за процесот и за содржината“, рече Ковачевски.

ЕУ ќе биде во Скопје, а Македонија во ЕУ, така ќе биде потоа, нагласи тој.

Во врска со одлуката на пратениците од ДОМ и од ДС кои не гласаа за францускиот предлог во Собранието, Ковачевски на тоа новинарско прашање одговори дека ги почитува нивните одлуки и дека се донесени на ниво на тие партии, без оглед што се дел од владејачкото мнозинство.

На прашањето зошто е отсутен од прес-конференцијата министерот за локална сампуправа Горан Милевски, кој е лидер на ЛДП, а кој претходно се изјасни дека за него е неприфатлив францускиот предлог, Ковачевски рече: „Тој е отсутен од здравствени причини и му посакувам брзо оздравување“.

Премиерот оцени дека владејачката коалиција е стабилна и дека нема да има избори сѐ до редовните во 2024 година.

 

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе