Од ЦО на СДСМ

Ковачевски: Денес ја добив довербата да бидам мандатар на идната влада

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на својот официјален фејсбук-профил соопшти дека на вечерашниот Централен одбор на СДСМ ја добил довербата да биде мандатар на идната влада.

„За мене е огромна чест и одговорност што денес од ЦО на СДСМ ја добив довербата да бидам мандатар на идната влада. Тоа е предизвик кој сум подготвен да го прифатам и посветено да работам за да ја оправдам довербата. Продолжуваме со седницата на ЦО за избор на ново раководство, како и нови членови на Централен и Извршен одбор на СДСМ“, напиша Ковачевски, додавајќи дека партијата ќе се реорганизира.

Ковачевски пред Централниот одбор изјави дека програмата ќе се базира на социјалдемократски вредности, фер-шанса за сите кадри што ги исполнуваат професионалните услови за да бидат назначени на институционално ниво.

„Меѓутоа и отворање на партијата кон сите оние што може да придонесат со својата активност во зајакнување на партијата и нејзиното работење“, додаде Ковачевски. 

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе