Ковачевски со сопругата на свечен прием кај Бајден

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со сопругата Елена Ковачевска, присуствуваше на свечениот прием за претседателите на држави и влади, организиран од претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден. Приемот во организација на претседателот Бајден, се одржа во рамки на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации.

Присуството на премиерот Ковачевски на приемот организиран од претседателот Бајден е уште една потврда на долгогодишното стратешко партнерството на Македонија со САД, како и поддршката што како држава ја добиваме во исполнување на клучните цели, но и за реализација на предвидените приоритетни политики за економски, социјален и демократски просперитет на државата.

Придобивките од членството на Македонија во НАТО и стратешкото партнерство со САД, се од исклучително значење за нашата држава особено во овој период на глобална економско-енергетска криза со која се соочува целиот свет.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе