Според агендата, за утрешниот ден е предвидено премиерот на Република Македонија Димитар Ковачевски заедно со премиерот на Албанија Еди Рама да имаат средба со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен.
Во рамките на историската посета на Брисел за утре е најавено и започнувањето на скринингот за Република Македонија и работен ручек на премиерот Димитар Ковачевски со еврокомесарот за проширување и добрососедски политики Оливер Вархеји, на кој ќе присуствуваат и двете делегации.
Како дел од официјалната владина делегација во Брисел патуваат првиот вицепремиер Артан Груби, заменикот на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, како и министрите за надворешни работи Бујар Османи, за внатрешни работи Оливер Спасовски, за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити и други високи претставници на Владата, стои во соопштението.