Ковачевски со шест министри утре во Брисел

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски ќе ја предводи официјалната владина делегација во Брисел, која во Советот на Европска Унија ќе учествува на првата меѓувладина конференција закажана за утре, 19 јули. Оваа меѓувладина конференција е од историско значење за Република Македонија бидејќи со неа се означува отпочнувањето на преговорите за полноправно членство на земјата во ЕУ, соопшти владината прес служба.

Според агендата, за утрешниот ден е предвидено премиерот на Република Македонија Димитар Ковачевски заедно со премиерот на Албанија Еди Рама да имаат средба со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен.

Во рамките на историската посета на Брисел за утре е најавено и започнувањето на скринингот за Република Македонија и работен ручек на премиерот Димитар Ковачевски со еврокомесарот за проширување и добрососедски политики Оливер Вархеји, на кој ќе присуствуваат и двете делегации.

Како дел од официјалната владина делегација во Брисел патуваат првиот вицепремиер Артан Груби, заменикот на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, како и министрите за надворешни работи Бујар Османи, за внатрешни работи Оливер Спасовски, за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити и други високи претставници на Владата, стои во соопштението.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе