Посакувајќи им среќа на работните групи, Ковачевски кажа дека денеска ќе се работи на теми како што еинфраструктурата, коридорот 8, патаната и железничката поврзанот, поврзување на образованието, зголемување на мобилноста на студентите, размена на идеи, на знаење… Истовремено најави соработка на државните универзитети.
„Да покажеме пред Европа дека на Балканот може и треба да се соработува и да бидеме пример на соработка”, рече Ковачевски во обраќањето.
За бугарскиот премиер Петков голема надеж дава фактот дека ова што се постигнува е за втора недела од заедничката работа.
„Односите пред нашата средба во Република Северна Македонија ни беа на многу ниско ниво, но тоа што го постигнавме за втората недела од заедничката работа ми дава надеж. Тоа што дојдовте со толку министри во сите сфери го покажува патот по кој ќе одат нашите односи. Најважно за политиката е да се развива за доброто на двата народи. Нема ништо подобро да работат заедно, да зборуваме за европската интеграција и да ги следиме внимателно општите теми, вклучувајќи ја историјата, човековите права, работите кои се важни за евроинтеграцијата”, рече Петков.
Според него, нема ништо подобро од тоа да се работи заедно, да има отворена економија, инфраструктура, да имаме заеднички календар.
„Кај мене има голема надеж, очекувам денеска да има реални резултати, реални спогодби во секоја од сферите. Верувам дека овој дијалог ќе ги замени национализмот, јазикот на омраза, дискриминација…Сакам да ви посакам добра работа, и сакам да ви порачам дека и во Бугарија и во С Македонија луѓето очекуваат реални резултати“, порача Петков.
Од Софија, Жана П.Божиновска