Ковачевски преку неговиот фејсбук профил истакна дека со архиепископот помеѓу другото разговарале и за предизвиците од енергетската криза и за поддршката на најранливите категории.
„Денеска имав чест со архиепископот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, да размениме мислења за повеќе актуелни теми, особено за активности по влегувањето на МПЦ-ОА во канонско единство со останатите помесни православни цркви. На средбата разговаравме и за предизвиците од енергетската криза и за обезбедената поддршка на најранливите категории во овие тешки времиња на економско-енергетска криза“, стои во објавата.