Меѓувладина седница Македонија - Албанија

Ковачевски - Рама: Заедно чекориме во НАТО, заедно ќе чекориме и кон ЕУ

Премиерот на Македонија Димитар Ковачевски, денеска со највисоки државни и воени почести го пречека премиерот на Албанија, Еди Рама и членовите на албанската влада во Скопје каде се одржува втората меѓувладина седница помеѓу двете држави. На денешната седница ќе бидат потпишани договори и меморандуми помеѓу министрите на двете држави, кои се однесуваат на зацврстување на соработката во повеќе сегменти особено во енергетиката и инфраструктурата.

Често комуницираме со албанскиот премиер Еди Рама и имам чувство дека денеска сите сме како дома, рече македонскиот премиер Димитар Ковачевски во своето официјалното обраќање на почетокот на втората меѓувладина седница помеѓу Македонија и Албанија.

„ Денеска се сеќаваме дека беше потребна визија да се видат двете држави како дел од целината и лидери кои гледаат напред за да може да се види и утре. Заедно можеме повеќе. Билатералните односи со Албанија не биле подобри одошто денес. Ние сме пример како два соседи треба да соработуваат. Успрешно ги надминуваме кризите во рамки на Отворен Балкан и Берлинскиот процес. Заедно чекориме во НАТО а заедно зачекоривме и по патот на евроинтеграциите. Поддршката на Еди и на целата влада во Брисел е од непроценлива важност. Европската Унија конечно сфати дека нејзин стратешки интерес е Западен Балкан да биде дел од европското семејство, рече Ковачевски.

Албанскиот премиер Еди Рама пак кажа дека двете влади денеска се среќаваат во едно поинакво време кога војната на Владимир Путин во Украина отвора рани, ги брка луѓето од своите родни места и домови а сето тоа е вистинска провокација да се стави на колена Западот.

„ Тоа е вистинска провокација за да се стави на колена Западот чиј дел сме и ние. Војната во нашите две земји не дојде со бомби или со физички разурнувања туку со стратосферските цени на светскито пзар и со големата инфлација. Во тој контекст сѐ повеќе е јасно дека нема друг пат за соочување со предизвиците на времето освен соработката и заедничко адаптирање на новата состојба. Од друга страна се среќаваме и во друг контекст а тоа се нашите заеднички напори да бидеме дел од европското семејство. Го премостивме јазот и тортуртата и се подготвивме за почеток на преговорите. Процесот е започнат и тоа е голем исчекор напред. Сите желби да бидеме заедно со другите земји на ЕУ верувам дека ќе се исполнат и дека ќе направиме исчекор напред на самитот на ЕУ –Западен Балкан на почетокот на декември годинава во Тирана", рече Рама.

На денешната седница ќе бидат потпишани договори и меморандуми помеѓу министрите на двете држави, кои се однесуваат на зацврстување на соработката во повеќе сегменти особено во енергетиката и инфраструктурата.

И.О.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе