По заедничката владина седница

Ковачевски по средбите со Петков: Брзањето може да значи и избрзување

Отворените прашања меѓу Македонија и Бугарија треба да се решаваат во целина и треба да се во одредена рамка поврзани со кревање на ветото и одржување на првата меѓувладина конференција, е ставот на македонската влада кој премиерот Димитар Ковачевски му го пренел денеска на бугарскиот колега Кирил Петков.

Според Ковачевски, македонската страна ќе се придржува до Резолуцијата во Собранието, но сепак ќе треба да се воспостави рамка која ќе значи отворање на преговорите. 
Македонскиот премиер, како што брифираше, не се врзува за рокови зашто брзањето може да значи и избрзување. 
За формата одговорни се министерствата за надворешни работи на двете држави кои се во постојана комуникација. 
Инаку прашањата на кои посочува бугарската страна, таканаречен формат 4 плус 1 вклучуваат рехабилитација на жртвите од комунизмот, бришење на навредливите содржини од спомениците во Македонија, говорот на омраза, имплементација на одредбите од историската комисија во македонските учебници и внесување на Бугарите во Уставот. 
Што се однесува до барањата за заштита на правата на македонските Бугари, според Ковачевски, и да има еден случај на дискриминација и како е решен, тоа треба да им се пренесе на бугарските соговорници за да биде јасно што се случува. Секој граѓанин кој се жалел, како што вели, има право да биде заштитен, а ако двете држави не комуцираат, нема да знаат какви жалби и во кој број имало. 
Инаку, Ковачевски вели дека оваа средба во Софија беше во рамките на договорот со Петков да се даде нова динамика на процесот, надвор од чисто политичките теми и да се насочи и кон реалниот сектор. 
Со формирањето на работните групи, вели, се потврдила големата желба за соработка и многутте теми на кои може да се работи. 
Од Софија Жана П. Божиновска

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе