По денешната одлука

Ковачевски: Одлуката на Цариградската патријаршија ја внесе МПЦ-ОА во заедница со другите цркви

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски објави честиткa по повод одлуката на Вселенската патријаршија со која МПЦ-ОА се прима во евхаристичко заедништво со останатите православни цркви. Оваа одлука на Цариградската патријаршија не значи признавање на автокефалноста на МПЦ, што и натаму ќе зависи од Српската православна црква. Освен тоа, ова е примање во евхаристичко заедништво на Охридкската архиепископија.

Честитката на премиерот Ковачевски до архиепископот г.г. Стефан и до Синодот на МПЦ-ОА, го пренесуваме во целост:

„Сакам да упатам голема благодарност до Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј што направи големо дело, покажа голема грижа за еден голем православен народ и Вселенската патријаршија со овој чин потврди дека стојат на историската мисија и одговорност.

Иако со овој чин конечниот статус и име сѐ уште не се решени, најважниот и најголем чекор е завршен. Сега нашата православна црква е во заедница со сите православни цркви, и овој ден е историски ден после 7 децении тотална изолација.

Денеска со одлуката на Вселенската патријаршија ние влегуваме во православното семејство на сите помесни цркви. И оваа одлука на вселенската патријаршија што нè признава под име Охридска Архиепископија значи признавање на континуитетот што го има нашата историска црква со древната Охридска Архиепископија.

На Светиот синод на Македонската православна црква, на сите православни христијани им честитам за оваа убава вест“, напиша на својот фејсбук-профил премиерот Ковачевски.

Вселенската патријаршија денеска ја призна црковната јерархија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа.

Оваа одлука не значи томос за автокефалност со кој официјално се регулира меѓународното име и статус на нашата црква, туку е израз на татковска љубов и грижа од страна на Вселенската Патријаршија и претставува објава дека повеќе МПЦ не во шизма и раскол со севкупната православната Црква и нашите свештенослужители можат да сослужуваат со свештенослужители од другите помесни православни цркви.

За утврдување на конечниот статус ќе следуваат дополнителни преговори со СПЦ со која сега нема да се преговара за расколот од 1967 година, бидејќи практично сега тој е надминат. Сепак Всленскиот патријарх ја повикува и СПЦ да се приклучи кон процесот за конечно одобрување на Томост за автокефалност.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе