Ковачевски нема легитимитет, Заев треба да го заврши мандатот или да распише предвремени избори, вели Села

Оваа 2021 година е година на скандали на Владата, а недостигот на легитимитет на власта е доволна причина за да има предвремени парламентарни избори, изјави денеска претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на последната средба со новинари за ова календарска година, додавајќи дека тие како опозиција секогаш се тука за да прават сѐ за да падне власта.

„Главните актери во власта немаат легитимитет. Ковачевски нема легитимитет, бидејќи тој што победи на изборите беше Заев, а не Ковачевски, за да може да биде мандатар за формирање Влада. Зборот на Заев е даден пред јавноста и тој треба или да продолжи до крај ако може, или да распише избори. Али Ахмети и ДУИ, исто така немаат легитимитет да бидат дел од таа власт. Дојдоа со ветувањето дека ќе има премиер Албанец, а сега по втор пат гласаат премиер Македонец. Зошто не го гласа Насер Зибери, сега е моментот. Политичката партија која во првите 100 дена не ги исполнува дадените ветувања, од тој момент го губи легитимитетот. Африм Гаши и Алтернатива немаат легитимитет, бидејќи имаат добиено гласови заедно со Села и Алијансата за да донесат промена во албанското општество и да ја пратат ДУИ во опозиција“, рече Села.

Според него, треба да се формира преодна Влада, која „од институциите ќе ги искорени партиските службеници, кои се таму за да придружуваат криминалци, за да заплашуваат граѓани и да купуваат гласови“, и по една години, во октомври, да се одржат избори.

„Целта е за оваа една година граѓаните да бидат ослободени и слободно да ја искажат нивната волја со глас за која политичка партија сакаат“, истакна Села.

Одговарајќи на новинарско прашање за коалицијата на Алијансата за Албанците со ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, односно за Скопје, Села кажа дека сѐ уште траат преговорите за тоа кои сектори во Град Скопје ќе ги водат кадри на неговата партија.

„До овој момент Алијанса за Албанците ќе има две директорски места и три заменици директори. Воедно и директорски места во средни училишта. Алијанса за Албанците ќе се грижи да се зачува и унапреди нивото на застапеноста на Албанците на Скопје“, вели Села.

Тој најави дека „фамозниот проект“ ветен од страна на поранешниот градоначалник за експресна автобуска линија до Порта Влае, ќе продолжи до Сарај.

„Требаше да се решат имотно правните работи и надоместокот на неколку жители на село Рашче, од каде цело Скопје се снабдува со вода. Шпекулации се најавите дека албанските населени места се исклучени од инвестициите“, изјави Села, обвинувајќи го лидерот на ДУИ, Ахмети дека во преговорите што ги водел „се откажал од половина власт, само да ја зачува власта во Скопје“.

Села оцени и дека во земјава функционира половична демократија и дека сегашната власт е „слична на режимот кој падна во 2017 година“.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе