Ковачевски не треба да оди во Брисел, само за да се слика, смета Пендаровски

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски смета дека премиерот Димитар Ковачевски не треба да оди на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, кој се одржува пред состанокот на Европскиот совет, на кој треба да се одлучи дали ќе почнат пристапните преговори на ЕУ со нашата земја. Според претседателот, вакво понижување Македонија не доживеала никогаш досега и откри дека Софија бара Бугарите да бидат внесени не само во преамбулата на Уставот, туку и во неговиот нормативен дел, каде не е наведена ниту една етничка заедница што живее во Македонија.

Според Пендаровски, Ковачевски нема што да бара во Брисел, особено што на вчерашниот состанок на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ, бугарската страна изнела нови барања за симнување на ветото за Северна Македонија.

„Јас го советувам премиерот да не оди во Брисел. Пред неколку дена разговаравме на таа тема и мојот совет беше дека ако вака се одвиваат работите и ако Бугарите вчера доставиле пет нови барања, тогаш што бара премиерот таму само за да се слика? Замислете, самит ЕУ-Западен Балкан кога целиот регион, ние пред сè, не напредуваме, само да се сликаме,“ рече Пендаровски во вечерашното интервју за ТВ24.

Претседателот вели и дека вакви понижувања и потценувања какви што имавме во последниве две години од Бугарија не сме доживеале за 20 години преговори со Грција.

„Ние политичарите од мали држави често пати сме во ситуација да попуштаме, да потклекнеме, но мислам дека изминативе две години вакво национално тормозење од страна на Бугарија кон нас не сме имале во 20 години преговори со Грција,“ истакна Пендаровски.

Пендаровски оцени дека на историските прашања и оспорувањата за јазикот не им е место во Преговарачката рамка, нагласувајќи дека таа не може да се усвои, ако ние не кажеме „да". Во врска со предлогот на француското претседателство со ЕУ, Пендаровски рече: „Немаме видено пишан документ".

Во однос на Преговарачката рамка, шефот на државата нагласи дека граѓаните не треба да стравуваат, оти нешто ќе ни биде наметнато со сила.

„Да нема страв ниту еден граѓанин во државата. Не може да се изгласа Преговарачката рамка, ако ние не кажеме да. Со сила преговори под вакви услови никогаш не се случиле“, нагласи Пендаровски.

Тројцата лидери на земјите вклучени во Отворен Балкан, Димитар Ковачевски, Александар Вучиќ и Еди Рама, имаа онлајн - состанок по чие завршување објавија дека се договориле по консултациите со своите влади и советници денеска да решат дали ќе одат или не на Самитот на ЕУ за Западен Балкан.

Премиерот на Албанија Еди Рама преку Твитер беше конкретен во својот став, дека од ЕУ може да се очекува само едно: „Не, извинете!“ Рама уште и напиша: „Целата Унија е киднапирана од Бугарија и тоа не е добар спектакл за гледање! Што да се прави таму"?!

Инаку, во нацрт-заклучоците од Самитот на ЕУ што ќе се одржи утре и задутре, сѐ уште се празни под точката „Северна Македонија“.

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе