Ковачевски најави дека ќе се кандидира за претседател на СДСМ

Во рокот од 7 дена  ќе подготвам програма и ќе поднесам кандидатура за претседател. СДСМ е партија со најголем кадровски потенцијал и има поголем број истакнати членови кои би биле одлични кандидати. Постапката е демократска и секој што ги исполнува условите може да се кандидира. Она што е најважно, сите треба да се обединиме околу избраниот претседател, изјави Димитар Ковачевски за Фокус.

Вчера Централниот одбор на СДСМ одлучи утре да ги распише внатрепартиските избори за избор на претседател кои ќе се одржат на 12 декември. Изборите за прв човек во партијата се одржуваат со непосредно гласање.

Ковачевски е актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на социјалдемократите. Тој е доктор на економски науки и вонреден професор на Американ Колеџ, кој во својата кариера бил на директорски позиции во Телеком и Оне Вип Македонија.

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе