Бугарскиот премиер пристигна во Скопје

Ковачевски на тет-а-тет средба со Петков, Османи разговараше со Генчовска

Со церемонијален пречек пред владата започна официјалната еднодневна посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Македонија. Бугарската делегација ја пречека  премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министрите за надворешни работи и за транспорт и врски, Бујар Османи и Благој Бочварски, како и од членови на Канцеларијата на претседателот на Владата и на Министерството за надворешни работи.

Веднаш по пристигнувањето Ковачевски и Петков имаа тет-а-тет средба во Владата, а одделни средби имаат и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ со потпретседателот на бугарското Народно Собрание, Кристиан Вигенин, министрите за надворешни работи на двете држави, Бујар Османи и Теодора Генчовска, како и министрите за транспорт и врски Благој Бочварски и Николај Сабев.

Програмата за посетата предвидува пленарен состанок на двете делегации со кој ќе претседаваат премиерите Ковачевски и Петков по што ќе следува и нивна заедничка прес-конференција.

На средбата меѓу Османи и Генчовска, како што соопшти МНР, бил поздравен обновениот дијалог меѓу двете Влади, како и значењето на продолжување на интензивната комуникација на високо ниво, при што било изразено уверување дека со новата динамика во контактите ќе дојде до преку потребното надградување на билатералните односи.

Во фокусот на разговорите била претстојната заедничка седница на Владите, која ќе се одржи во Софија на 25 јануари, како и внесувањето на нова динамика во соработката преку примена на концептот на работни групи, при што се разгледани конкретни области во кои постои потенцијал за напредок. Со тоа двете земји ќе испратат јасен сигнал дека постои силна волја за исчекор и взаемно разбирање, во духот на добрососедството и европските вредности.

„Посетата се случува на самата 30-годишнина од првото признавање на независноста на нашата држава, кое дојде токму од Република Бугарија, но ова е и прва посета на премиерот Петков на регионот на Западен Балкан воопшто, што испраќа многу важна и вредна порака за нашите односи, но не помалку важно и за нашиот динамичен и верувам поинаков пристап во надминување на предизвиците со кои се соочуваме", изјавил Османи, додавајќи дека е „важно да се идентификуваат конкретни чекори за соработка, преку иницијативи, активности и проекти во многу скоро време, за што двете Министерства за надворешни работи и другите ресори ќе дадат свој конкретен придонес“.

Соговорниците потврдиле дека европската интеграција на Западниот Балкан претставува национален интерес, како на земјите-кандидати за членство, така и на земјите-членки на Европската Унија. Исто така, ја изразиле посветеноста кон процесот на приближување на регионот кон ЕУ и ја нагласиле важноста на добрососедството и регионалната соработка, како влог во заедничката европска иднина.

Во однос на економската соработка, министрите го поздравија растот на трговската размена меѓу двете земји од 30% во текот на 2021 година и изразиле очекување дека во текот на 2022 ќе се задржи позитивната стапка на раст на двете економии и трговската размена меѓу нив, како и позитивниот тренд во нови инвестиции, кои треба да бидат и поддржани од двете држави.

Во рамките на посетата на бугарската делегација предвидена е и промоција на проектот за помош во развојот  „Електронски дневник за лица со дијабетес“, кој премиерот Петков ќе му го врачи на премиерот Ковачевски како донација на Република Бугарија.

Во преостанатиот дел од агендата за посетата на делегацијата на Бугарија, премиерот Петков ќе има одделни средби со претседателот Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе