Ковачевски на состанок со премиерите на земјите членки на НАТО од ЈИЕ во Софија

Координација на заедничките безбедносни стратегии наспроти ризиците и заканите од војната во Украина и за зајакнување на регионалната соработка во земјите е на дневниот ред на денешниот состанок на шефови на влади на земјите од Југоисточна Европа членки на НАТО што се одржува во Софија.

На состанокот во Софија учествуваат премиерите на Бугарија, Македонија, Романија и на Цргна Гора, Кирил Петков, Димитар Ковачевски, Николае Чука и Здравко Кривокапиќ.
Во фокусот на состанокот, како што соопшти владината прес-служба, се предизвиците за регионалната безбедност во контекст на руската воена инвазија на Украина.
На маргините на состанокот премиерот Ковачевски ќе оствари и билатерални средби со премиерите од регионот.

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе