Тет-а-тет средба на премиерот со Вселенскиот патријарх

Ковачевски му се заблагодари на Вартоломеј и го покани да ја посети Македонија

По приемот што Вселенскиот патријарх го организирал за македонската владина делегација, тој имал средба во четири очи со премиерот Димитар Ковачевски. Од владината служба велат дека Ковачевски на патријархот му изразил благодарност за постапката на примање на македонската црква во канонско единство со православната заедница и дека тоа претставува „врвен национален интерес на народот во Северна Македонија“. Ковачевски го поканил Вартоломеј да ја посети Македонија. Во изјава за медиумите премиерот упати честитки до граѓаните.

„Премиерот Ковачевски и во оваа прилика ја изрази благодарноста до Неговата светост Патријархот Вартоломеј за неговата храбра одлука да ја прими во заедништво јерархијата на Македонска православна црква - Охридска архиепископија во канонско единство со православната заедница, којашто беше веднаш поткрепена со соодветен Патријаршиски и Синодален акт.

Ковачевски на средбата истакна дека постапката на Патријархот Вартоломеј и на Вселенската патријаршија претставува историски настан со кој конечно се исправа долгата неправда нанесена врз нашата Црква, ја прави нашата црква реалност во православната заедница.

Со овој чин, беше нагласено на средбата на премиерот Ковачевски со Патријархот Вартоломеј, Вселенската патријаршија стави крај на речиси седумдесетгодишната изолација на возобновената Охридска архиепископија во ликот на МПЦ, како врвен национален интерес на народот во Северна Македонија.

Премиерот Ковачевски на патријархот Вартоломеј му го честиташе јубилејот - 30 години од извршувањето на светата должност Вселенски патријарх и 60 години свештенство и изрази честитки за неговата посветеност за решавање на црковните прашања во име на единството на православната заедница.

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски му упати покана на Неговата светост патријархот Вартоломеј да ја посети нашата земја“, се вели во соопштението на Владата.

Во изјава за медиумите по средбата со Вартоломеј Ковачевски рече:

„Денес е голем историски ден затоа што после векови Охридската архиепископија сослужува заедно со Вселенската патријаршија и со тоа беше исправена една голема историска неправда.

Ќе се послужам со зборовите на нашиот Архиепископ г.г. Стефан кој што ги кажа на крајот на литургијата дека Охридската древна архиепископија секогаш била рамо до рамо со Вселенската патријаршија, како татко и син, како мајка и ќерка, како брат и брат, како сослужител и затоа денес целиот наш народ, сите наши православни верници со големо воодушевување ја примија веста за ова заедничко сослужување за кое што јас искрено верувам дека ова сослужување и примањето во канонско единство на нашата црква ќе биде крунисано и со издавање на томос од страна на Вселенската патријаршија.

Сакам уште еднаш да се заблагодарам на г.г. Стефан, на сите владици и на целиот Синод, на Вселенскиот Патријарх, г.г. Вартоломеј и на Синодот во Вселенската патријаршија и сакам да упатам порака до сите православни верници во целиот свет, до сите свештеници во православниот свет, да ја посетат Северна Македонија, да го посетат Охрид, древниот Охрид кој што претставува катедра на православието“.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе