Ковачевски-Мишел: Забрзувањето на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е врвно прашање

Геополитичките предизвици што ги донесе руската агресија на Украина, поради што забрзувањето на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ стана врвно прашање од највисок приоритет, вклучително со зајакнување на отпорноста на регионот од влијанијата на трети страни беше тема на денешната средба на македонскиот премиер Димитар Ковачевски со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, како дел од својата програма со активности за време на Преспа форумот за дијалог.

На средбата, на која присуствуваа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, Ковачевски рече дека Северна Македонија целосно ги исполни условите за почеток на преговорите врз основа на што е донесена и препораката за безусловен почеток за отворање на поглавјата во март 2020 година.
Ковачевски и Мишел на средбата разговараа и за учеството на Македонија во повеќе регионални проекти поддржани од ЕУ, особено во делот на соработката во енергетиката како што е интерконекторот за гас со Грција, гасната централа во Александропулос и гасното поврзување со Србија и Косово, кои се поддржани од средства од Економскиот инвестициски план на ЕУ.
Ковачевски и Мишел разговараа и за придобивките од иницијативата Отворен Балкан за воспоставување на заеднички и поврзан регионален пазар врз основа на четирите слободи на ЕУ за непречен проток на луѓе, капитал, стоки и услуги, како значајни чекори за имплементација на стандардите на ЕУ.
Во однос на воената агресија на Русија во Украина, Ковачевски рече дека Северна Македонија, како земја членка на НАТО, целосно ја усогласи својата политики со Алијансата и со ЕУ, ги исполни своите обврски и продолжува да дејствува целосно на линија на политиките на Европската Унија, со што уште еднаш покажа дека е достоен партер на европските држави, земји членки на ЕУ.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе