Ковачевски-Маричиќ: Усвоена преговарачката структура, завршување на преговорите со ЕУ до 2030

Владата на Македонија денеска донесе одлуката за воспоставување на структура за преговори за пристапување на државата во Европската Унија. По тој повод изјави дадоа премиерот Димитар Ковачевски и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ. 

„Преговарачката структура која ја усвоивме денес ќе биде поддржана и од експерти, државни службеници кои со години работат на ова поле, а секако ќе се надградува и со експерти и стручни лица надвор од институциите, но и надвор од државата кои имаат искуство со водење преговори и пристапување на други држави во ЕУ. Нашата заложба и намера е да обезбедиме квалитетна и ефикасна структура која ќе може да се носи со сите предизвици.

Сакам да ве уверам дека ова ќе биде инклузивен и транспарентен процес во кој обезбедуваме механизми за вклучување и на граѓанскиот сектор, бизнис заедницата, академската заедница и сите останати засегнати страни и во оваа насока, апелирам до сите, вклучително и опозицијата да го поддржи овој процес и да се вклучи во него активно. За овој процес да се затвори што поскоро, потребна е целосна мобилизација на сите ресурси со кои располага државата, бидејќи ова е прашање по кое треба да има обединување за да има развој и напредок.
Завршување на преговорите до 2030 е целта која си ја поставуваме. Таа е реална и достижна, и јас сум силно убеден дека во следното проширување на Унијата ќе биде и Северна Македонија“, рече Ковачевски. 


За Маричиќ процесот на проширување е сменет, а критериумите за членство во Европската Унија се изоструваат, особено со ревидираната методологија за пристапни преговори од 2020 година,
„Заради големиот број на новини во процесот, нема модел на искуство кој би можело да се земе предвид од земјите кои до сега преговарале или се уште преговараат. Затоа ни треба наш автохтон нов модел за координација, кој во целост ќе ги рефлектира новините од ревидираната Методологија за пристапни преговори, од март 2020 година,
Новата Методологија исто така наметнува многу пополитички пристапни преговори, на начин што целокупниот процес на преговори го подигнува на многу повисоко политичкото ниво и тоа во сите фази од преговорите.
Со денешната одлука на Владата за ревизија на координативниот механизам за пристапни преговори, се одлучуваме за нова структура која го поедноставува механизмот, и воедно ќе го направи хиерархиски и командно пофункционален, поефикасен и поефективен“, рече Маричиќ кој ќе биде главен преговарач, а негов заменик ќе биде претседавачот на Комитетот за стабилизација и асоцијација, Дрита Абдиу Халили.

Комитетот за преговори, ќе биде претседаван од претседателот на Владата Ковачевски, како највисоко политичко работно тело на Владата за координација на пристапните преговори. Во ова тело членуваат четирите вицепремиери, министерот за надворешни работи и финансии.
Државната делегација за преговори ќе ја предводи министерот за надворешни работи Бујар Османи, како шеф на делегацијата.

Работниот комитет за европска интеграција го сочинуваат претседател – главниот преговарач, неговиот заменик, државните секретари на сите институции, генералниот секретар на Владата, секретарот на Секретаријатот на законодавство како и членовите на групата за преговори. Ова тело ќе го следи спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и ќе ги координира активностите поврзани со пристапните преговори. Покрај државните секретари на сите институции ќе го дополниме и со членовите на групата за преговори.
„Одлуката за воспоставување на структура за преговори предвидува можност за претставниците на граѓанскиот сектор да учествуваат во работата на работните групи. Јас веќе одржав неколку средби и консултации и тоа ќе продолжи и во наредниот период за заеднички и инклузивно да дефинираме модел за соработка.
Свое место во процесот на преговори ќе има и бизнис заедницата бидејќи воведувањето на новото европско законодавство и стриктната примена на европските технички стандарди имаат директно влијание на економските оператори и нивната конкурентност на домашниот и меѓународниот пазар.
Ќе се воспостави и соработка со академската заедница во пристапните преговори, како и со локалната самоуправа затоа што добар дел од новото европско законодавство што ќе се транспонира во домашниот правен систем, ќе се спроведува на локално ниво“, рече Маричиќ.

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе