Ковачевски, Маричиќ и Османи на самит во Солун

Лидерите на државите и Владите на земјите членки во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, меѓу кои и премиерот на Македонија Димитар Ковачевски, денеска во Солун ќе учествуваат на Самитот на Процесот на соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) што го организира грчкото претседателство.

Во македонската владина делегација се и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому вчера рече дека на Самитот поканети се и германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, кои ќе присуствуваат во улога на набљудувачи.

„Премиерот Кирјакос Мицотакис, кој ќе претседава со Самитот, ќе биде домаќин на шефовите на држави и влади во Солун за да разговараат за иднината на регионот во критичен момент што повеќе од кога било ја нагласува важноста на зајакнувањето на добрососедските односи, но и подготовката на земјите оф нашиот регион за нивна интеграција во евроатлантските институции“, рече Иконому.

Освен Грција на Самитот учествуваат Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Хрватска, Црна Гора, Молдавија, Романија, Србија, Словенија и Турција.

Самитот ќе започне во попладневните часови, а по завршувањето грчкиот премиер ќе одржи прес конференција.

Пред Самитот на високо ниво, ќе се одржи и состанок на шефовите на дипломатиите од земјите од ПСЈИЕ, а за таа цел, министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас во изминатиот период ги посети земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија.

Од Министерството за надворешни работи на Северна Македонија го потврдија учеството на министерот Османи и соопштија дека на состанокот „ќе се разговара за статусот на регионалната соработка како и влијанието на моменталните меѓународни случувања врз динамиката во регионот на Југоисточна Европа“, но и дека шефовите на дипломатиите ќе ја одобрат заедничката декларација на самитот како и годишниот извештај на Советот за регионална соработка.

 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе