Ковачевски-Макрон: Нема време за губење, одложувањето на преговорите може да има сериозни последици

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во телефонски разговор со претседателот на Република Франција Емануел Макрон му ја честиташе победата на претседателските избори и му посака успешен втор мандат како шеф на државата.

Премиерот Ковачевски го честиташе и изборот на премиерка на Француската Република, Елизабет Борн, и истакна дека од воспоставувањето на дипломатските односи пред 29 години, двете земји негуваат силни билатерални односи.

Претседателот на Владата Ковачевски го нагласи интензивниот политички дијалог во последните неколку години и ангажманот на претседателот Макрон и Република Франција во однос на процесот на проширување на ЕУ и интеграцијата на Македонијa.

„Нема време за губење“, се согласија премиерот Ковачевски и претседателот Макрон и потенцираа дека натамошното одложување може да има сериозни регионални последици и широко ја отвора вратата за зголемено влијание на трети страни во регионот што прашањето за проширување на ЕУ со Западен Балкан го прави сериозно безбедносно прашање.

Во однос на билатералните односи, традиционалното пријателство меѓу двете земји, споделија Ковачевски и Макрон се збогатува со интензивирање на економската соработка која во изминатата година доби ново поглавје со влегувањето на Француската агенција за развој во Македонија.

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе