Ковачевски-Кравињо: Преговорите се започнати, Португалија ќе обезбеди политичка поддршка

Премиерот Димитар Ковачевски денеска имаше билатерална средба со министерот за надворешни работи на Португалија, Жоао Гомес Кравињо, кој е во дводневна официјална посета на земјава.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Ковачевски и министерот Кравињо уште еднаш ја потврдија успешната билатерална соработка помеѓу Македонија и Португалија и разговараа за можностите за интензивирање и унапредување на економската билатерална и мултилатерална соработка, во контекст на постојната економска и енергетска криза со која се соочува светот.

Шефот на португалската дипломатија изрази искрени честитки за отворањето на преговорите за полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ посочувајќи дека за оваа одлука беа потребни и политичка и државничка храброст.

Кравињо притоа го информираше премиерот Ковачевски дека Португалија е подготвена да обезбеди и политичка и техничка поддршка, во континуитет во текот на целиот евроинтеграциски процес.

На средбата со португалскиот министер за надворешни работи присуствуваше и вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска.

Теми на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски и португалскиот министер за надворешни, Жоао Гомес Кравињо беа и можностите за унапредување на билатералните односи на двете земји, во контекст на евроинтеграцискиот процес на Македонија, унапредување на правната рамка и зајакнување на економската соработка, како и очекување дека соработката во одбраната дополнително ќе се интензивира во рамки на НАТО. 

Во разговорот, претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, изразил благодарност за силната поддршка од Португалија во исполнување на нашата европска агенда и посочи дека со неодамнешното одржување на Меѓувладината конференција во Брисел се означува ново поглавје од евроинтеграцискиот процес што е од огромно значење за Македонија.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски посочил дека земјава интензивно се подготвува за скрининг процесот, кој започнува во септември и се очекува да даде пресек за подготвеноста и усогласеноста на македонското и европското законодавство.

Соговорниците се согласија дека отворањето на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија е од суштинско значење во актуелните геополитички и безбедносни околности и справување со влијанијата од руската агресија врз Украина.

 

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе