Ковачевски: Имаме чист став за јазикот, време е за мудри одлуки

Имаме предлог кој ги вклучува нашите забелешки и јасно изразени ставови и за тоа не треба да имаме никакви дилеми. Во европскиот предлог имаме дефинирани позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик, изјави премиерот Димитар Ковачевски по средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на широките консултации во врска со францускиот предлог.

Ова, според Ковачевски, беше најважното прашање за нас и затоа, вели, сака да биде кристално јасен.

„Македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на ЕУ без никакви фусноти, ѕвездички, дообјаснувања и астерикси“, рече тој.

Ковачевски истакна дека предлогот ги става билатералните и историските прашања надвор од преговарачката рамка.

„Отворените прашања треба да бидат затворени, но за тоа ќе имаме време се додека истите не се достоинствени и за двете страни. Европската унија посочува дека тоа треба да се реши на билатрална основа и затоа ова не е никако дел од рамката за преговори. Добрососедските односи како такви се фундамент на ЕУ. Ние сме се согласиле дека ќе го прифатиме тоа како факт уште во 2001 година кога е потпишана Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Во тој дух, по тој принцип и по таа воспоставена пракса наша обврска како членка на Унијата ќе биде да работиме на добрососедските односи и тоа ќе го правиме преку исполнување на Договорот за добрососедство исто како што го правиме и со исполнување на Договорот од Преспа“, рече премиерот.  

Според него, протоколот меѓу Македонија и Бугарија не е нотиран и не е дел во преговарачката рамка. Тоа е билатерален документ, кој не е дел од европскиот пакет.  

„Овој конечен европски предлог овозможува безусловен старт на пристапните приговори на Северна Македонија со ЕУ и операционализација на одлуката на Европскиот совет од март 2020 година. Преговорите со ЕУ ќе можеме да ги започнеме веднаш по донесувањето на нашата одлука за прифаќање на предлогот. Сите сме свесни за чувствителноста по однос на ова прашање. Лесно е да отфрлиме, да одложиме, да избереме нова неизвесност. Но, во овој историски момент е потребно рационално размислување со ладна глава, потребна е мудрост и одговорност и објективно анализирање на сите сценарија грижејќи се за иднината за нашите деца. Од ова прашање не смееме да правиме дневна политика. Ова е историски важно и стратешко прашање на кое секој политичар, граѓанин треба да му пристапи многу сериозно“, кажа Ковачевски.  

Тој апелира сите да се држат до фактите, до официјалните документи и нивната правилна интерпретација. Ги повика сите политички чинители да ја земат предвид големината на задачата и да постапуваат конструктивно, одговорно и државнички.

Исто така нагласи дека Владата доследно се држи до државните позиции во однос на преговорите со Бугарија во секој поглед, го штити националниот интерес и македонскиот јазик и идентитет.  

„Ветивме дека ќе се избориме да ги задржиме клучните црвени линии кои со месеци ги повторуваме и за кои Собранието усвои Резолуција и тоа го направивме и тоа го правиме. И тоа сѐ уште го правиме и ќе го правиме во секој следен чекор од овој процес“, рече Ковачевски.  

Ова, според него, е историски момент за земјата, еден од ретките како што е независноста на Република Македонија, како Охридскиот договор, Договорот од Преспа.

„Имаме единствена можност да ја исполниме и нашата долгоочекувана стратешка цел – полноправно членство во ЕУ. Тоа е нешата визија и тоа е нашата иднина. Имаме неповторлива можност обезбедување просперитет на државата затоа што им го должиме тоа на идните генерации. Време е за мудри одлуки“, рече Ковачевски.

Тој изјави дек дел од коалиционите партенри на кои им беше презентиран францускиот предлог изразија позитивни ставови, останатите треба да се изјаснат периодот што следи.

„Во однос на консултациите, ние веќе имавме првична средба со коалиционите партнери на кои што им беше презентирано, дел од тие коалициони партнери веќе изразија позитивни статови во однос на предлогот кој го имаме добиено, дел тоа ќе ги кажат своите ставови во идниот период ние нормално имаме комуникација со нашите коалициони партнери. Остана за консултација уште дел, јас утрово имав телефонски разговор со Зијадин Села, најверојатно утре ќе се видиме со вицепремиерот за европски прашања да му биде претставен, објаснет во сите делови“, изјави Ковачевски.

Во однос на консултациите со Собранието и тоа кога одлуката ќе биде претставена во Влада, премиерот рече дека дискусијата во Собранието ќе се одвива во согласност со собраниските процедури, бидејќи како што рече, „Владата не може да наложува на кој начин ќе се води расправата“.

 

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе