Ковачевски и Османи ќе учествуваат на Генералното собрание на ОН

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во придружба на претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевкси, во периодот 19 – 24 септември ќе учествува на 77-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, во Њујорк. 

Ковачевски во придружба на сопругата, од 19 до 24 септември ќе ја предводи владината делегација која ќе учествува на Генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк (САД). Во состав на владината делегација се министерот за надворешни работи Бујар Османи, постојаниот претставник на Македонија при ООН во Њујорк, Љубомир Фрчкоски и советникот за надворешни работи Едмонд Адеми. Според агендата премиерот Ковачевски ќе учествува и ќе се обрати на Главната дебата на 77-то Генерално собрание на ОН каде тема е „Tрансформативни решенија на испреплетени предизвици“.

Премиерот Ковачевски ќе учествува и ќе се обрати на Самитот за трансформација на образованието под покровителсто на генералниот секретар на ОН Гутереш и УНЕСКО. Дебатата ќе биде во насока на унапредување на образовните системи во земјите преку реформски процеси кои ќе обезбедат квалитетно и достапно образование за секое дете.

Претседателот на Владата на Македонија ќе учествува и говори на состанок на високо ниво по повод одбележувањето на 30 годишнината од усвојувањето на Декларацијата за правата на лицата кои припаѓаат на национални, или етнички, верски и јазични малцинства.

За време на посетата на Њујорк, Ковачевски ќе одржи предавање на реномираниот Универзитет Колумбија, каде ќе даде осврт на уникатниот модел на одржлива демократија на Македонија, како и економската интеграција и трансформација на земјата.

Предавањето ќе се одржи во рамки на серијата говорници и предавања на Форумот на светски лидери каде досега учествувале над 300 претседатели на држави од 85 земји, меѓу кои и премиерот на Хрватска Зоран Милановиќ, премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, премиерката на Норвешка, Солберг, премиерката на Финска, Марин.  

Во рамките на Генералното собрание на ООН премиерот Ковачевски е поканет и ќе присуствува на приеми кај претседателот на САД Џо Бајден и кај градоначалникот на Њујорк Ерик Адам.

За време на посетата, а во рамки на Генералното собрание на ООН, премиерот Ковачевски ќе се сретне со генералниот секретар на Организацијата на Обединетите нации, Антонио Гутереш.
За време на престојот во Њујорк, Османи ќе учествува на трансатлантска вечера на министрите за надворешни работи на НАТО, организирана од страна на државниот секретар на САД, Антони Блинкен. Воедно, ќе присуствува на состанокот на Јадранската повелба А5, како и на состанокот организиран од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Советот за регионална соработка. Покрај тоа, Османи ќе земе учество и на средбата на земјите на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ) и на други важни меѓународни форуми за соработка.

Исто така, на маргините на овогодишното Генерално собрание, Османи ќе оствари бројни билатерални средби со свои хомолози од земјите членки на ЕУ и од земјите учеснички и партнери на ОБСЕ, во контекст на нашето претседавање со оваа организација, како и со високи претставници од Стејт департментот на САД, а ќе ја искористи приликата да оствари средба и со претставници на нашата дијаспора, соопшти МНР.

 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе