Ковачевски и Мицкоски утре ќе разговараат за францускиот предлог

Во рамки на широката консултација која започна да се реализира веднаш по добивањето на европскиот предлог, премиерот Димитар Ковачевски, во текот на утрешниот ден има средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопшти владината прес-служба.

Оваа средба е дел од низата планирани консултативни средби со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство.
По добивањето на предлогот од француското претседателство, Ковачевски одржа консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите. Тој најави дека секоја одлука за предлогот ќе се носи низ дијалог и консултации во интерес на иднината на сите граѓани на Македонија.

 

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе