Од прес-конференција во Брисел

Ковачевски го отфрли францускиот предлог

Македонскиот премиер Ковачевски денеска, на заедничка прес-конференција со лидерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Александар Вучиќ, изјави дека францускиот предлог за деблокада на бугарското вето, во ваква форма, е неприфатлив. До македонските граѓани упати порака да бидат спокојни, а до европските лидери незадоволство поради бавниот тек на евроинтеграцијата.

„Францускиот предлог е неприфатлив како за мене, така и за претседателот на државата, за Владата и за коалициските партнери, но и за граѓаните на Северна Македонија. Доколку во текот на француското претседателство дојде до разбирање за нашите позиции, подготвени сме да се вклучиме во преговорите до крајот на јуни", изјави Ковачевски и упати порака до граѓаните да бидат спокојни, бидејќи „секогаш во прв план се стратешките интереси.

Тој нагласи дека без „наша согласносст“ никој не може да наметне решение и ѝ порача на ЕУ дека сега таа е на потез, при што информираше кои се македонските црвени линии -  чиста формулација на македонскиот јазик и заштита на македонскиот идентитет во преговарачката рамка и додаде:

„Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка, преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот и цврсти гаранции и од Бугарија и од ЕУ дека Софија нема да условува со нови барања надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол, кој се уште не е усогласен со бугарската страна“.

„Што се однесува повторно до францускиот предлог, најпрво би сакал да упатам благодарност до претседателот Макрон за неговиот ангажман и за вложениот напор за изнаоѓање решение. Во тој динамичен процес на работа со француското претседателство ние ги соопштивме нашите позиции и црвени линии“, рече Ковачевски.

Maкедонскиот премиер додаде дека е незадоволен од интензитетот на пристапниот процес кон ЕУ, и дека се незадоволни и граѓаните, но и дека опаѓа довербата во ЕУ.

„Случувањата претставуваат сериозен удар врз кредибилитетот на ЕУ, ние и Албанија го губиме драгоценото време, а нашиот регион стои во место, поради една земја членка која едноставно не успева да се искоординира и да обезбеди деблокирање на нашиот европски пат. Не смееме да дозволиме билатералните прашња да станат мултиратерален проблем", нагласи Ковачевски.

Премиерот информираше дека нашата земја посвети многу време за решавање на многу тешки прашања во интерес на иднината, односно заради интегративните процеси.

„Наспроти иднината, Бугарија реши да се врати во минатото и да постави блокада која на никого не му оди во прилог. Ние имаме донесено многу тешки одлуки, а сега е време ЕУ да ги исполни своите ветувања пред да даде нови ветувања", рече Ковачевски.

Македонскиот премиер информира дека во меѓувреме, Македонија, Албанија и Србија активно и практично ќе ги имплементираат четирите слободи на кои почива ЕУ, ќе ги европеизираат општествата и ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните преку иницијативата „Отворен Балкан".

„Иницијативата 'Отворен Балкан' не е замена за ЕУ, но е контекстот кој е потребен додека се приклучиме на семејството на ЕУ додека чекаме предвидливи кредибилни забрзани евроинтеграциски процеси“, рече Ковачевски.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе