Ковачевски го осуди палењето на влезот на „Ванчо Михајлов“ во Битола

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на својот фејсбук-профил го осуди палењето на објектот на Центарот на бугарската заедница во Битола.

Фото: ЕПА

„Го осудувам палењето на објектот на Центарот на бугарската заедница во Битола. Во 21 век со палење и опожарување не се постигнува ништо. Дадов јасни насоки до надлежните институции веднаш да го расчистат случајот. Ваквите потпалувачки провокации имаат цел да ги нарушат односите меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Затоа, повикувам сите да останеме смирени и достоинствени, а со сторителите ќе се справат институциите“, напиша на Фејсбук премиерот Ковачевски.

Центарот „Ванчо Михајлов“ во Битола утрово објави дека се изгорени влезната врата и натписот на Бугарскиот клуб на улица Рузвелтова во Битола и дека внатре не е предизвикана штета.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе