По модифицираниот француски предлог

Ковачевски: Историските прашања не се дел од новиот француски предлог

Следува широк консултативен процес. Имаме план и стратегија кои даваат резултати. Апелирам до сите да се воздржиме од шпекулации и да се потпираме на официјални информации. Следува транспарентен процес за заеднички да донесеме одлука согласно стратешките интереси на граѓаните на Македонија, изјави вечерва македонскиот премиер Димитар Ковачевски по објавувањето дека македонската Влада добила модифициран француски предлог за надминување на отворените прашања со Бугарија.

„Нашиот став беше дека историските прашања не треба да бидат дел од преговарачката рамка и тоа е содржано во овој предлог. Од утре шефот на дипломатијата ќе има консултации во детали во однос на предлог документите и со медиумите“, изјави Ковачевски.

Предлогот ќе биде разгледуван и во македонското Собрание, најави Ковачевски.

Ковачевски на прес-конференцијата не одговори конкретно на повеќето новинарски прашања, па така на прашањето дали македонската Влада ќе отстапи за дел од барањата на Бугарија за да се постигне договор, одговори дека предлогот е даден од француското претседателство, но беше поздравен и од Германија и од други земји, а сите детали ќе бидат презентирани утре.

„Сакам да повторам и да ги уверам граѓаните дека ние имаме план и стратегија која очигледно дава резултати. Затоа апелирам до сите политички актери и до медиумите да се воздржиме од шпекулации и да се потпираме на официјални информации од институциите. Процесот ќе биде транспарентен и ние ќе ги споделиме со јавноста релевантните детали по што ќе може да се донесе финална одлука. Како што ветивме, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички, мериторно согласно стратешките интереси на земјата и на сите нејзини граѓани“, изјави Ковачевски.

На прашањето дали остана условот прво Бугарите да се внесат во Уставот, па потоа да има преговори, Ковачевски само рече дека има изјави од сите политички актери во државата дека даваат поддршка на тој процес. 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе