Претседателката на ЕК фон дер Лајен, на премиерот Ковачевски му изрази благодарност за брзите реакции на Владата на Северна Македонија, за кои истакна дека во целост се усогласени со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.
Воедно, претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен искажа честитки за посветеноста на дијалогот Скопје-Софија и уште еднаш повтори дека Брисел силно го поддржува и поздравува овој процес кој ќе овозможи забрзување на процесот на евроинтеграции.
И покрај загрижувачката ситуација со Украина која се наметна како приоритет, премиерот Ковачевски информираше дека владите на Северна Македонија и Бугарија се посветени и активно продолжуваат со дијалогот за изнаоѓање решенија и резултати за време на француското претседателство со ЕУ.