Ковачевски до Села: За францускиот предлог потребно е државничко однесување

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната средба со лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села ја повторил оценката дека во европскиот предлог имаме дефинирани позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик, што беше најважното прашање за нас – македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на ЕУ без никакви фусноти, дообјаснувања и ѕвездички.

Како што соопшти владината прес-служба, Ковачевски на средбата нагласил дека Владата работи со што поголем консензус и секогаш во интерес на граѓаните и уште еднаш ги потврдил ставовите дека потребни се мудри одлуки и заедничка одговорност која ќе ни обезбеди европска иднина.

Дополнително на Села му порачал дека е неопходно државничко однесување и вистинска одлука за мир, стабилност во државата и просперитет на сите народи кои живеат во Македонија.
„Премиерот Ковачевски истакна дека овој конечен европски предлог овозможува безусловен старт на пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ и операционализација на одлуката на Европскиот совет од март 2020, со што преговорите со Европската Унија ќе можеме да ги започнеме веднаш по донесувањето на нашата одлука за прифаќање на предлогот“, се вели во владиното соопштение.

Денешната средба меѓу Ковачевски и Села е дел од низата консултативни средби со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за францускиот предлог.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе