Вонреден самит на НАТО

Ковачевски: Агресивните активности на Русија на Балканот имаат за цел предизвикување безбедносна криза

Македонија се придружува кон повиците до Русија веднаш да ја прекине воена акција и да ги повлече сите воени трупи и капацитети од Украина, порача премиерот Димитар Ковачевски на вонредниот самит на НАТО во Брисел. 

Според Ковачевски, руската воена агресија во Украина е неиспровоцирана и неоправдана и е сериозно кршење на меѓународното право. Истовремено, тој ја поздрави „храбрата одбрана на Украина која ја штити слободата на своите граѓани и суверенитетот на државата”.

„Северна Македонија силно го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, во нејзините меѓународно признати граници и нивното право слободно да ја избираат својата надворешно-политичка ориентација и безбедносни аранжмани”, рече Ковачевски.

Како што соопшти владината прес-служба, Ковачевски нагласил дека во овие несигурни времиња, гордост е да се видат сите придобивки од единството на НАТО и ЕУ во одговорот на воената агресија на Русија во Украина, кои вклучуваат и важни чекори за зајакнување на одбранбените капацитети на источното крило на алијансата.

Тој истакнал дека Македонија обезбеди хуманитарна помош и медицински материјали за Украина и дека е подготвена да ги прифати украинските бегалци кои би дошле во земјата.

„Премиерот Ковачевски посочи дека внимателно се идентификувани и се следат агресивните активности на Русија и во регионот на Западен Балкан и дека тие имаат за цел да ги поткопаат угледот и довербата во НАТО и ЕУ, да предизвикаат безбедносна криза која ќе влијае на стабилноста и просперитетот на Западниот Балкан и да создадат дилема околу стратешката улога на НАТО и ЕУ во регионот”, се наведува во владиното соопштение.

Ковачевски исто така укажал дека НАТО и ЕУ мора да го задржат кредибилитетот на своите политики во регионот за дополнително зајакнување на безбедноста.

„Политиката на отворени врати на НАТО беше историски успех кој обезбедува траен мир и безбедност на целиот европски континент, наспроти отсуството на кредибилна европска и евроатлантска перспектива за Западниот Балкан, која може да има повеќекратни негативни тенденции.

Проширувањето на ЕУ ќе ја зголеми безбедноста и ќе ја консолидира демократијата и затоа е од исклучителна важност за Северна Македонија и Албанија да започнат преговори за пристапување во ЕУ без натамошни одложувања”, додал тој.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе