По средбата во Загреб

Ковачев: Од ВМРО-ДПМНЕ ќе бараме гаранции, фалсификувањето на историјата повеќе не може да се трпи

На средбата што ја имавме заедно со премиерот Бојко Борисов со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, сакавме да дознаеме дали неговата партија, ако стане владеачка, ќе го поддржи Договорот за добрососедство. За жал, не добивме јасен одговор,изјави европратеникот Анфдреј Ковачев во интервју за бугарското радио Фокус.

Бугарскиот европратеник во интервјуто упати остро предупредување до ВМРО-ДПМНЕ за „исклучително непријатните изјави на членови на раководството против Бугарија“.

„И во последните два дена видовме исклучително непријатни изјави од страна на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, од членови на раководството, тешки, со сеење омраза против Бугарија. Тоа е апсолутно недопустливо и убеден сум дека ние нема да го оставиме без последици нивното однесување, ако навистина такво е однесувањето, таков е односот на таа партија кон Бугарија. Сакаат да им се извиниме за последните 300 години, колку лоша била Бугарија кон Македонија и Македонците и целата пропаганда од 1944 година беше одново воскресната“, изјави Ковачев во интервју за бугарското радио.

„Ние го поставивме прашањето и пред ЕПП (Европска народна партија), премиерот Борисов веќе го направи тоа, и треба да бараме гаранции дека, ако таа партија победи на следните избори во Македонија, ќе го продолжи курсот на добрососедство со Бугарија, дека ќе ги почитува Договорот за добрососедство, нашата заедничка историја, заедничките настани и личности како Гоце Делчев, Дамјан Груев, браќата Миладинови, Тодор Александров, Григор Прличев и целата плејада преродбеници и револуционери, кои се самоопределувале како етнички Бугари. Тоа фалсификување повеќе не може да се трпи“, изјави Ковачев, која е и потпретседател на владеачката партија ГЕРБ на Борисов.

 

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе