Бугарскиот европратеник лут на Мицкоски

Ковачев: Ќе мора пред Европската народна партија да расправаме за ВМРО-ДПМНE

„Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски е дел од Европската народна партија, заради неговите обвинувања на сметка на Бугарија и неговите повикувања да не се почитуваат договорите, не можеме, а да не го покренеме ова прашање пред таа партија", рече европратеникот Андреј Ковачев во изјава за бугарската агенција БГНЕС.

Кристијан Мицкоски лаже и прави манипулација со секој збор, обидувајќи се да освои некоја политичка дивиденда, изјави Ковачев. За тврдењето на лидерот на ВМРО-ДПМЕ Мицкоски дека Бугарија сака да ја грабне Македонија, Ковачев рече дека е тоа обична глупост, апсолутна лага.

Тој рече дека Бугарија во 2001 година застанала цврсто зад Македонија со поддршка на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет и била една од првите членки на НАТО кои го ратификувале влезот на земјата во Алијансата.

Единствено што сакаме е да се обединиме околу историската вистина, за таа да не нѐ разделува и да биде повод за омраза и поделба меѓу луѓето, рече Ковачев, кој за Гоце Делчев и Дамјан Груев вели дека се дел од заедничка историја и кој во подолгата изјава се навраќа длабоко во историјата и прави своја анализа на улогата на разните струи на ВМРО.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе