Со одлука на Влада

Котевски разрешен, нов директор на Истражниот затвор во Шутка е Рахиќ

Есад Рахиќ е назначен за нов директор на истражниот затвор во Шутка. Тој доаѓа на месото од Ѓоко Котевски, кој уште во февруари си поднесе оставка од директорската фотеља, но остана на функцијата. Котевски денес е сменет од функцијата со одлука на Владата.  

Новиот директор Есад Рахиќ е роден во Скопје во 1964 година. По професија е дипломиран правник.

Политичката кариера ја започнал како член на СДСМ и бил пратеник во периодот 2002-2006, од каде подоцна бил исклучен и веќе во вториот мандат од 2006 до 2008 делувал како независен пратеник. Живее во Скопје.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе