Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се загубија во обидот да ги одбранат криминалите на режимот

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се загубија во посветеноста да ги одбранат криминалите на режимот и нивните тајкуните, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

„Покрај тоа што мавташе со наводни документи за искази и вештачења, во вчерашната изјава, Христијан Мицкоски случајно или не призна дека ВМРО-ДПМНЕ има материјали од предистражни дејствија односно материјали од нелегално следење на комуникациите.

Поседување на изјави од предистражни дејствија и наредби од истрага е кривично дело, а оној што ги споделил таквите документи не може да биде свиркач туку вршител на кривично дело.

Манипулациите со вакви документи пак ја поткпува истрагата и целиот процес за случајот Рекет. Стана совршено јасно кој ги лиферува доверливите материјали на медиумите со цел да влијае врз истрагата или да ја насочи во погрешен правец.

Христијан Мицкоски ги покажа неговите вистинските намери, да работи против правната држава, да ги кочи процесите и да го загрозат датумот за почеток на преговори со ЕУ.

Овие јалови обиди на Мицкоски да се попречи правдата и да се спасат криминалците од одговорност, со сигурност, пропаѓаат.

Со преземањето на предметите од страна на Јавното обвинителство, целосно е обезбедена иднината на сите случаи на СЈО со цел тие да имаат своја разрешница во системот на јавното обвинителство и судството.

Сите предмети, сите истраги и предистраги продолжуваат во целосна независна надлежност на државното јавно обвинителство.

Сите отворени истраги и судски случаи ќе се расчистат до крај и секој за кого ќе се докаже вмешаност во криминал ќе одговара за своите постапки.

Пропадна и неговиот блеф за наводно барање предвремени избори за кои се покажа дека Мицкоски не сака да се случат.

ВМРО-ДПМНЕ е најголемата штета за Северна Македонија на патот до правда и на патот до Европската унија“, истакна Костадинов.

 

 

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе