Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се уште работат по инструкции од Груевски, затоа се против правдата

Денес борбата против криминалот и корупцијата е бескомпромисна и не познава никава припадност, а најмалку политичка. Само ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против правдата, ги кочат реформите во судството и Законот за јавно обвинителство, изјави денес Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ.

„На преговорите што се водат за овој закон, ВМРО-ДПМНЕ за свој претставник го испрати Антонио Милошоски, осоминчен во случајот „Моќник" и главен дезинформатор во белиот дворец. Наместо да побара веднаш оставка, Христијан Мицкоски го топори Милошоски со што потврди уште еднаш: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште се водат по инструкциите од Будимпешта, по насоките на осудениот криминалец во бегство Никола Груевски. Само во последните два месеца, Милошоски двапати беше фатен во сериозни лаги кои го нарушуваа угледот на државата.  Неговите лаги дека седум земји се противеле да започнеме преговори со ЕУ и дека наводно бизнисмен бил рекетиран и барал помош од Амбасадата на Белорусија во Белград, беа експресно демантирани од претсавници на ЕУ, како и од Почесниот конзулат на Белорусија во Скопје. Тоа кажува каков е нивниот однос кон државата и граѓаните, нечесен, лажен. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, тоа е Мицкоски. На Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да им биде јасно дека заврши времето кога политичарите бираа јавни обвинители а судството се контролираше од белиот дворец“, изјави Костадинов.

Според него последната прес конференција на Христијан Мицкоски не е ништо друго, освен уште еден доказ за очајната состојба во рамки ВМРО-ДПМНЕ во обид да го одбрани по секоја цена криминалот на Никола Груевски.

„Маката на Мицкоски е што сега парите завршуваат кај граѓаните, преку поврат на 15% од платениот ДДВ, укинување на радиодифузната такса, ефтината тарифа на струјата, намалување на казните, зголемување на платите, зелена нафта и многу други мерки. Порано парите одеа во стиропор, бели дворци, исушени палми и жални врби, во џебовите на фамилијата. После економската катастрофа што ја остави 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ по демократските промени имаме реален, вистински и силен економски напредок. ВМРО-ДПМНЕ ги остави граѓаните и фирмите во сиромаштија, а економијата во минус од 1,8 отсто. Денес растот на БДП изнесува рекордни 4,1 отсто!

За само една година, странските директни инвестиции пораснаа за 260 отсто, односно од 205 милиони во 2017 година на 737 милиони долари во 2018 година. Тоа е јасно наведено во „Извештајот за инвестициите во светот 2019" на Конференцијата на ОН. Реализирани и во фаза на реализација се 20 странски инвестиции во Индустриските зони и надвор од нив со проектирани над 4,800 вработувања. Во 2018 година рекорден број на компании, над 250, домашни и странски, добија финансиска поддршка, а Владата по неколку основи кон стопанството уплати 40,7 милиони евра.

Покрај инвестициите растат и платите. Просечната нето плата во мај 2017 година последниот месец од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше 22.889 денари. Годинава во месец мај таа изнесува 25.270 денари, што е пораст за 10,4 проценти временски период од две години.

Позитивната економска клима резултираше со нови работни места и намалување на стапката на невработеност на рекордни 17,8 отсто. За две години реализирани се 49.552 вработувања, доминантно во приватниот сектор“, изјави Костадинов.

 

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе