Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ е за изолација

Само извршителот Христијан Мицкоски и криминалната ВМРО-ДПМНЕ се против интеграцијата, против напредокот и успехот на државата, изјави на прес-конференцијата, Костадин Костадинов, портпаролот и пратеникот на СДСМ.

„До толку Мицкоски е против сопствената држава што и најпозитивниот Извештај на Европската комисија го прогласи за лажни вести.

Од толку ширење лаги, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски веќе не знаат што е вистина, ти се заглавени во матрицата на лажни вести.

Се потврдува секој ден, извршителот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се за изолација и враќање назад, СДСМ е за интеграција и напредок. Тие еден чекор назад, ние три напред.

Извршителот Христијан Мицкоски е поразен од европските успеси на државата, од успехот на политиките на СДСМ и претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Благодарение токму на тие политики, денес сме чекор поблиску до одлука за почеток на преговори со Унијата.

Докажавме дека со СДСМ и со претседателот на СДСМ Зоран Заев, НАТО и Европската унија се реалност.

На овие избори ќе се судрат два целосно спротивни концепти.

Од една страна концептот на извршителот Мицкоски за враќање назад, односно концептот на минатото и овој на СДСМ за продолжување напред, односно концептот за иднината.

СДСМ нема да отстапи од градењето европска иднина за државата. Имаме визија, храброст и одлучност да продолжиме по правиот пат и тоа ќе го сториме.

Продолжуваме уште посилни и похрабри по победата на 12 април. Заедно со граѓаните одиме напред, одиме кон ЕУ“, истакна Костадинов.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе