Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ да повика на одговорност во своите редови

Во своето обраќање на денешната седница во македонското Собрание, пратеникот и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов истакна дека иако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, зборуваат за Законот за спречување на корупцијата и Државната комисија за спречување на корупцијата, од друга страна опозициската партија и нивниот претседател Христијан Мицкоски не реагираат на препораките на ДКСК.

„Ја користам оваа прилика да ја повикам Антикорупциска да отвори уште еден предмет. Да испита како е донесена одлука на Советот на Општина Пехчево за формирање на викенд зона, за ЕВН да може да пушти дитрибутивна мрежа од 30 милиони денари, со крајна цел Мицкоски да ги заокружи потребните средства за да може да му проработи бизнисот со хидроцентралите. Ако ДКСК потврди дека тоа се случило, тогаш ќе треба одговорност и се надевам дека и вие ќе ја поддржите антикорупциска комсија, како тело за кое и вие сте гласале“, порача Костадинов.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе