Костадинов: Советникот на Мицкоски, Димитровски вперил автоматска пушка кон соседите

Советникот на Мицкоски, поранешниот дипломат Томислав Димитровски, репетирал автоматска пушка и ја вперил кон соседите. Насилничката матрица е силно присутна во ВМРО-ДПМНЕ, изјави денес Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Христијан Мицкоски е опкружен со советници-насилници, остатоци на груевизмот, блиски до неговиот шеф Никола Груевски. Насилничко однесување на советникот на Мицкоски потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ нуди само насилство и тензии кон сопствените граѓани. аков е односнот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кон граѓаните. Тоа е истото ВМРО-ДПМНЕ кое 11 години им се закануваше на граѓаните и ги малтретираше.

Христијан Мицкоски е опкружен со луѓе кои промовираат и поттикнуваат насилство. Во неговиот кабинет има и лица кои се закануваат со автоматско оружје кон граѓаните. Димитровски беше амбасадор поставен од Никола Груевски, денеска е советник и дел од кабинетот на Христијан Мицкоски.

Недозволиво е било кој да им  се заканува со огнено оружје на граѓаните, а најмалку човек кој е дел од кабинет на шеф на политичка партија.

Ако Мицкоски мисли дека со насилници, со закани и насилство ќе ги исплаши граѓаните и на тој начин ќе го ублажи поразот на изборите, страшно се лаже“, истакна Костадинов.


ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе