По негативните реакции на новинарските здруженија

Костадинов: Со предлог законот ќе постигнеме реформирање на АВМУ и НРТВ

Реформата и професинализацијата на медиумските регулаторни тела се важни за напредокот на државата и за уште поголема демократизација на нашето општество, a тоа граѓаните го очекуваат и го бараат, рече на прес-конференција во парламентот пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов, по негативните реакции на новинарските здруженија, кои сметаат дека кадровскиот избор во овие тела треба да остане со двотретинско мнозинство во Собранието..

Костадинов рече дека СДСМ како предводник на парламентарното мнозинство е должна да обезбеди реформски процес и во оваа сфера.

„Затоа до Собранието доставивме предлог Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги преку кој Советот на АВМУ ќе добие независен, професионален и стручен состав. Изборот на членови на Советот на АВМУ како и членови на Програмскиот совет на Националната радио телевизија премногу долго се одложуваше поради неразумни блокади од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Зад овие блокади се крие само партиски интереси и политика на отпор кон реформи и професиноални институции. Време е, овие две важни тела за медиумите да добијат нови состави од независни, професионални, угледни членови, докажани во своите области", рече Костадинов.

Тој нагласи дека потребата од јакнење на капацитетите и зголемување на професионалноста на Националниот сервис беше нотирана и во Извештајот на Европската комисија и редовно е дел и од извештаите на меѓународната организација „Репортери без граници".

„Професионализацијата на Агенцијата и Националниот сервис, нивно ослободување од партиските стеги, е од особено значење за медиумите и унапредување на демократските вредности во државата. Собранието и во случајот на избор на кадри на Државната комисија за спречување на корупцијата и на Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација, покажа висок степен на подготвеност и капацитетност. Овие важни тела добија силни, независни, професионални состави", рече Костадинов.

Тој изрази убеденост дека така ќе биде и со изборот на членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на НРТ.

„Низ инклузивна, транспарентна и отчена постапка ќе се изберат најдобрите решенија кои ќе гарантираат професионалност и независност. Повикувам на одговорност од сите пратеници. Наместо блокади и бојкоти да застанат зад овој предлог-закон и реформите да продолжат. Затоа што тие се во интерес на државата, на граѓаните, на медиумите, на целото наше општество", рече портпаролот на СДСМ.

Како одговор на новинарско прашање за негативните реакции на новинарските здруженија во однос на предлог-законот, со кој ќе се овозможи кадровски избор со мнозинство од пратениците, а не со двотретинско мнозинство како што е сега, Костадинов одговори:

„Ги уверувам граѓаните, особено медиумските работници, дека не треба да стравуваат дека наводно влегуваме во сива зона бидејќи веќе имаме докажано дека во еден многу транспарентен процес исто така сме избирале и други важни институции, сме формирале важни тела во оваа држава. Би сакал да кажам дека останува јавната дебата по однос на изборот на АВМУ и Програмскиот совет на НРТВ, сметам дека можност за учество на таквата јавна дебата ќе имаат сите, но секако дека нема да дозволиме повторно ВМРО-ДПМНЕ само заради лични хирови да ги опструираат овие важни процеси“.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе