Прес-конференција на СДСМ

Костадинов: Северна Македонија има стабилно мнозинство и разнишана опозиција

„Пред целата јавност, овде во законодавниот дом, во храмот на демократијата, се распадна една голема, долго повторувана лага на ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски. Ја расчистивме маглата, се потврди реалноста, победи вистината. Владејачкото мнозинство е стабилно и со тенденција да се зголемува во наредниот период. Северна Македонија има стабилна власт и разнишана опозиција“, изјави пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов.

Костадинов рече дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ избегале од салата, а довербата на Владата беше изгласана без ниту еден глас против.

„Антинародното антидржавно ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски доживеа дебакл, како меур од сапуница пукнаа нивните лаги со кои со месеци ја замајуваа јавноста. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како најголемиот кочничар на реформите, мерките и политиките што се во интерес на граѓаните. Мицкоски проблемите и фрустрациите нека си ги решава внатре во белата палата, а не на грбот на граѓаните, не преку блокади на Собранието", рече пратеникот на СДСМ.

Тој ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат „да покажат доблест после овој пораз и да почнат да работат во интерес на граѓаните. Со или без ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваме да носиме законски решенија важни за нашата иднина и нашата држава", рече Костадинов.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе