Прес-конференција на СДСМ

Костадинов: Пропаднаа обидите на саботерот Мицкоски да одбрани криминалци

Во тек на сложена полициска акција за сузбивање на криминална група која незаконски издавала македонски пасоши Христијан Мицкоски недозволиво пласираше информации со цел да ја саботира акцијата и натамошната истрага за овој случај и да ги одбрани криминалците, изјави портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов. Тој рече дека одговорност мора да има и за Мицкоски бидејќи се обидел да ја загрози истрагата.

Уште еднаш се потврди, Христијан Мицкоски е на браникот на криминалот, на страната на криминалците, на спротивната страна од полицијата и правдата, рече на прес-конференција Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ, според кого лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја загрозил големата полициска акција.

„Во тек на сложена полициска акција за сузбивање на криминална група која незаконски издавала македонски пасоши Христијан Мицкоски недозволиво пласираше информации со цел да ја саботира акцијата и натамошната истрага за овој случај. Поради соодветната реакција на МВР, намерите на Мицкоски да одбрани криминлаци пропаднаа“, рече Костадинов.

Според него, не е никаква новина ваквото однесување на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дека тој цврсто стои на браникот на криминалот и криминалците е негов белег и граѓаните тоа многу добро го знаат. Но, овде станува збор за одговорност. Не може никој, најмалку политички субјект да се обидува да руши истраги, да заштитува криминалци, да саботира акции на државни органи. Обидите на Мицкоски за саботажа на полициската акција и загрозување на истрагата треба да бидат предмет на интерес и на Јавното обвинителство“, рече портпаролот.

Костадинов нагласи дека јавноста очекува соодветна реакција, одговорност за оние кои го прекршиле законот, но и за оние кои на каков било начин, помагале во тоа или ја саботирале акцијата.

„Тоа што се заплеткаа Мицкоски и Чулев со лажните вести откако беа демаскирани е уште еден показател за нивната заедничка цел. Прво лажно тврдеа дека Наќе Чулев бил тој кој ја покренал оваа акција, па потоа самиот Чулев да каже дека ја реактивирал па потоа дека ја завшил... Еден хаос во ВМРО-ДПМНЕ, фатени живи како саботираат полициска акција. Залудни се обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја попречат правдата, да работат против правдата и законите“, рече Костадинов најавувајќи дека ќе продолжи борбата против криминалот и коруцпијата „колку и тоа да не му се допаѓа на бранителот на криминалот Христијан Мицкоски“.

Kaко реакција пак, на прес-конференцијата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, СДСМ соопшти:

„А кој друг да се вклучи во одбрана на криминалци ако не Алексадар Николоски? Нервозен е Александар Николоски, наместо да даде одговори за неговата наводна вмешаност во скандалот наречен „кавијар – дипломатија" очајно е застанат на страната на Мицкоски. Фатени живи, ништо не ги пере ниту Мицкоски ниту Николоски“.

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе