Костадинов: Пратеничката група на СДСМ побара автентично толкување на Законот за помилување

Пратеничката група на СДСМ денеска поднесе барање за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување. Со овој чекор сакаме да ги спречиме најавите да се врати незаконската аболиција на Ѓорѓе Иванов, против која застанаа сите слободоумни граѓани, зад која застанавме и ние, соопшти портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов.

„Неказнивост на делата што ги направи режимот предводен од ВМРО-ДПМНЕ не смее да има и нема да има, ние тоа нема да го дозволиме. Граѓаните бараат правда и правда мора да има. Секојдневно сме сведоци на обиди за избегнување на правдата. Од постојано одложување на судења па се до иницирање на постапки пред Уставниот суд. Последен од тие обиди е отворањето на вчерашната постапка за оценка на членот 11 од Законот за помилување. Одредени структури во правосудството упорно бараат начини да ја заобиколат правдата оние кои повеќе од една деценија ја злоупотребуваа службената положба и крадеа од граѓаните.
Нема да дозволиме нова незаконска аболиција од очигледни инсталации на режимот на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ. Нова неуставна амнестија нема и не смее да има. Секој мора да одговара за делата и за злоупотребите што ги направил. За предметите за кои се води постапка пред СЈО а сега се преземени од ЈО мора да има правна завршница“, рече Костадинов на прес-конференција.
Тој ги повика сите пратеници да застанат на страната на правдата и да го поддржат Барањето за автентичното толкување, бидејќи, како што рече, тоа е одговорност на секој избран пратеник.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе