Портпаролот на СДСМ обвинува

Костадинов: Полицајци прекршуваат забрани, Чулев се однесува неодговорно и го загрозува јавното здравје

Техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев продолжува со незрелото, несериозно и неодговорно однесување. Чулев не е способен да воведе ред ниту во МВР, а не пак во државата, обвинува СДСМ.

„Последен пример за тоа е синоќешното прекршување за забраната за јавни собири од страна на 7 полицијаци блиски до Чулев и Христијан Мицкоски. Наместо да го обезбедуваат почитувањето на мерките и задолженијата, полицајците на Чулев директно ја прекршиле забраната. Со тоа припадниците на полицијата го прекршиле членот 206 од Кривичниот законик, односно не постапиле согласно здравствените прописи во време на епидемија“, изјави на прес-конференција партискиот портпарол Костадин Костадинов.

Тој покажа и  фотографија на, како што рече, „домаќинот“ на забавата сликан во пријателска атмосфера со Мицкоски и со Игор Јанушев.

„Истовремено, јавноста беше сведок и на друго прекршување на забраната за собири од страна на припадници на МВР. Во Крушево, заменик командирот на полициската станица, Благојче Димсоски, кадар на Наќе Чулев, исто така ја прекршил забраната за собири за што постојат и јавно објавени фотографии. Ваквите случаи директно ја поткопуваат довербата во полицијата и Министерството за внатрешни работи“, додаде Костадинов.

Според него, наместо во обезбедување на почитување на мерките и задолженијата, Чулев злоупотреби полициски службеници за снимање на пропагандни спотови и наместо ред и дисциплина, Чулев јавно кажал дека полицијата нема да ги казнува оние кои ги прекршуваат забраните.

„Кратовскиот пир во режија на ВМРО-ДППМНЕ е потврда дека опозицијата свесно и со умисла, со недели го реализира подмолното сценарио за ширење на заразата“, изјави Костадинов и побара оставка од Чулев бидејќи, „со неговото неработење поттикнува непочитување на мерките и директно го загрозува јавното здравје“.

 

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе