СДСМ

Koстадинов: Покажуваме дека никој не е над законите

Правда мора да има. Градењето на независен правосуден систем ги покажува вистинските резултати. Правната држава функционира, неселективно за сите. Никој не е над законите и секој ќе одговара за своите постапки. Целосно ги поддржуваме напорите на истражните органи за целосно расветлување на случајот „Рекет“, изјави портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

„Како и досега, СДСМ ги охрабрува и ги повикува сите надлежни институции да продолжат со длабинска, независна истрага за случајот „Рекет“, да постапуваат согласно законите. Очекуваме истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите, да ги покаже сите детали и никој да не биде поштеден, ниту амнестиран. Одговороност мора да понесат сите инволвирани, без разлика на политичка или на било каква друга припадност. Обидите да се попречи правдата или истрагата да се насочи во друга насока нема да успеат.

Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи, мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена, во интерес на граѓаните и државата. Нема правда, нема мир“, рече Кстадинов.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе