Претседателски избори 2019

Костадинов: Пендаровски води со над 30.000 гласови

Првичните тенденции се задржаа и покажуваат сигурно, стабилно водство на заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на вечерашната прес-конференција. 

Тој информираше дека според обработените над половина од пристигнатите резултати, Пендаровски води пред противкандидатката Гордана Сиљановска Давкова со повеќе од 30.000 гласови.

„Очекуваме таквата тенденција да продолжи и Пендаровски да биде прогласен за претседател на државата. На фер, демократски избори граѓаните избраа вистински претседател кој оди напред. Ние граѓаните денеска кажавме конечно ‘не‘ на враќањето назад на темното минато, изолацијата и поделбата“, рече Костадинов.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе