Софија

Костадинов од Препород бара објаснување за можните санкции од САД поради Македонија

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска би можела да побара од САД појаснување за изјавата дека Бугарија може да се најде под санкции бидејќи не сака да ја тргне блокадата за преговорите за членство на Македонија во ЕУ, изјави лидерот на бугарската парламентарна партија „Препород“, Костадин Костадинов.

Лидерот на партијата отсуството на официјална реакција од Бугарија го нарече срамно. Според него, самиот факт што ситуацијата е дојдена до точка да се разговара за американски санкции е скандал.

„Сакаме да добиеме официјално објаснување, а можеби и извинување. Извинување можеби ќе добиеме, а можеби не. Но, ние сакаме и мора да добиеме официјално објаснување, а не да се задоволиме со тоа што администрацијата на Џозеф Бајден наводно дала изјава дека не размислува за воведување санкции“, рече Костадинов.

Американската конгресменка Клаудија Тени неодамна во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик, изјави дека санкциите кон Софија се „можна варијанта“. Таа ја повика Бугарија да ги третира сите малцинства, вклучително и Македонците, еднакво и со почит.

 

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе