Костадинов: Од Будимпешта абер пристигна, Мицкоски ќе маршира за неправда

Аберот од Будимпешта пристигна, Христијан Мицкоски извршителот на Груевски утре ќе маршира за неправда iизјави  Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

„Откако не им успеа обидот преку блокади, закани и уцени во Собранието да го закочат процесот на носење на Законот за Јавно обвинителство, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сега ќе протестираат против правдата, против одговорноста, против независното судство.
 
Токму тоа го обезбедува Законот за јавно обвинителство, кој е клучен за правдата и важен за европската перспектива на државата.
 
Мицкоски, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се борат за правда. Не можат да носат правда тие кои носат неправда, тие кои се бегалци од правдата, тие кои се заглавени во криминал и корупција.
 
Мицкоски и Груевски протестираа кога се отворија предметите против криминалците од ВМРО-ДПМНЕ, протестираа кога беше донесена пресудата против Груевски, протестираат и денес кога донесовме нов Закон за Јавно обвинителство кој е темел за реформите во судството.
 
Тоа е истата криминална врхушка, се уште непроменета се уште со старите навики на контра-протести на притисоци врз судството и бегање од правдата.
 
Борбата за амнестија на нивниот криминал не може да биде и не е борба за правда, а стечајниот управник Мицкоски нуди само правда во стечај.
 
Секогаш кога Мицкоски ќе изговори правда, мисли на криминал. Мицкоки прави се за да го заштити неговиот шеф Груевски за злоделата.
 
Мицкоски, тој филм нема да го гледаш.
 
Можеш против правдата да протестираш, криминалот на твојот шеф и твоите пајташи нема да го одбраниш“, истакна Костадинов.
 
 

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе