Прес - конференција на СДСМ

Костадинов: Новиот владин пакет очекуваме да ја врати стапката на раст од 4 до 5 проценти

Започнува реализацијата на петтиот пакет економски мерки наменет за граѓаните, за стабилна и развојна македонска економија, кој содржи 29 мерки во вредност од 160 милиони евр, а една од целите е да дојдеме до познатите за нас стапки на економски раст меѓу 4 и 5 отсто, каков што прочем имавме пред пандемијата, рече портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

Мерките се донесени низ инклузивен пристап и во партнерство со сите засегнати страни, а кај повеќето од мерките предвидено е поддршката да трае до крајот на 2021 година, со цел да имаат поголемо влијание врз економијата низ целата година, рече Костадинов и ги опиша четирите главни столбови:

„Директна финансиска поддршка за компаниите за да се задржат работните места во секторите туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани; финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор преку бескаматни кредити за задржување и зголемување на бројот на работници; креирање поповолно деловно опкружување со системско редефинирање на царинскиот тарифник, намалување на пара-фискалните давачки, даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки и; директна поддршка за граѓаните“.

Костадинов нагласи дека и овој пакет мерки, исто како претходните четири, има за цел да спаси што повеќе работни места, но истовремено и да ја раздвижи економијата, да биде подинамична и поконкурентна.

„Затоа прва мерка е финансиска поддршка на плати за вработените во висина од близу 2 милијарди денари со опфат од околу 60.000 работници месечно. СДСМ преку институциите што ги води покажа максимална грижа за здравјето на граѓаните но и за работата на компаниите, за платите на работниците, за зачувување на работните места“, рече партискиот портпарол.

 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе