Предвремени парламентарни избори

Костадинов: Неискрена и несериозна понуда на ВМРО-ДПМНЕ за обнова на режимот

Оваа изборна кампања, повторно јасно и прецизно ја покажа разликата меѓу СДСМ и коалицијата Можеме и ВМРО-ДПМНЕ. Од една страна е нашиот концепт што води напред, нашата програма и понуда, нашите решенија за граѓаните, кои се темелни, јасни и целосно разработени. Од другата страна имаме само црнила, без концепт, без визија, само понуда за обнова на режимот, обнова на поделбите. Изјави денеска Коста Костадинов, порттпарол на СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ги потценуваат граѓаните, не ги знаат нивните проблеми, не ги интересираат нивните потреби. Тоа го гледаме во изминатите три години, го гледаме во кампањата, а го гледаме и во нивната изборна програма. Програмата на ВМРО-ДПМНЕ со која Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ толку се фалат во суштина не е ништо освен лоша содржина, полна со небулози, нереални проекти и лицемерни и задоцнети ветувања. ВМРО-ДПМНЕ денес ветува 20.000 евра грантови за млади земјоделци, ветува решавање на долговите на општините, ветува ратификација на Истанбулската конвенција, а сите овие работи се веќе завршени од Владата и парламентарното мнозинство на СДСМ.

Уште еден од многуте докази дека ВМРО-ДПМНЕ работи против граѓаните е нивното ветување за нови концесии за рудници. СДСМ и граѓаните со години се бореа да нема опасни рудници, а ВМРО-ДПМНЕ денес пак ги ветува рудниците на смртта.

За ВМРО-ДПМНЕ профитот е секогаш пред здравјето на граѓаните, пред заштитата на животната средина.

Најлицемерното ветување на ВМРО-ДПМНЕ во нивната т.н. обнова е ветувањето за нулта толеранција за корупција и ветувањето за владеење на правото. Денес, нулта толеранција нуди Мицкоски кои секојдневно кршеше мерки и забрани за заштита од коронавирусот, го нуди Игор за кого слушаме како ќе тепал жени ќе убивал луѓе. Владеење на правото нудат Милошоски кој бега од судски доставувачи и Игор Дурловски кој предводеше толпа спремна да убие на 27 април во Собранието.

Тоа е нечесна, неискрена и несериозна понуда, тоа е понуда за обнова на режимот“, изјави Костадинов.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе